Компанијата Инком инженеринг дооел Скопје е формирана во 1989 година и успешно работи од тогаш до денес. Инком Инженеринг е основана од дипломиран инженер архитект Никола Велковски и е трета регистрирана фирма во приватна сопственост од воведување на законот за приватна пракса. Основачот и сопственик Никола Велковси диа. во периодот од 2000-2003год. е главен архитект на Град Скопје. Во два четиригодишни мандати е претседател на секторот за градежништво при стопанска комора.
Во периодот од над триесет години, фирмата има инвестирано, проектирано и изведено над 18 сопствени станбени згради, како и многу проекти надвор од државата, хотелски комплекси и трговски центри на хрватското приморје. Фирмата во периодот од 94-98год има отворено и претставништво во СР Германија – Минхен, каде што има работено на проектирање и изведба на станбено-деловни објекти. Во рамките на долгогодишната работа, има реализирано проекти од општествен карактер: образование, здравствени објекти и клинички центри, детска заштита, трговски центри, станбено-деловни објекти, како и значајни проекти за партерно уредување на јавен простор: плоштади, скверови.
Денес, основачот Никола Велковски во својата компанија ги има вклучено и своите наследници, ќерката Александра Јовановска дипл. економист. и синот м-р. Стефан Велковски со кои заедно се стреми кон раст и развој на компанијата, преку сопствени квалитетни ресурси и ангажирање на квалитетен и стручен кадар.
Компанијата има визија и сопствен однос кон архитектурата, особено кон приспособување на светските трендови и практики во нашето општество, правејќи ги достапни во реалниот домашен сектор.