Објектот е проектиран во 2001-2002 година, изведбата се одвива во текот на 2003-2004 година.
Проектот изработен од нашата компанија е Награден со Главна награда „Јустинијанова Порта“ во 2004/5година. Одговорен проектант е Никола Велковски диа. со главен соработник Светлана Јончевска.
Објект се наоѓа на почетокот на индустриската зона на територија на општина Гази Баба на ул. Индустриска бр. 2.
Објектот е со катност По+П+1. Дел од просторот на изложбениот салон е галериски, а деловните содржини се наоѓаат во приземјето и на катот. Во рамки на објектот се наоѓа и овластен сервис.
Локацијата на која е изведен објектот е со големина од 18.465,00м2 додека површината која ја зафаќа објектот е 4341м2.