Пон – Пет: 08:00 – 16:00
+389 71 368 455 | +389 70 398 713
+ 389 02 2 450 512

ВИКЕНД КУЌА ВО МАВРОВО

Викенд куќа во Маврово.
Објектот се наоѓа во викенд населба Маврово.
Објектот е со катност П+1+ПК. Приземјето на објектот се состои од гаража за возила и складирање на спортска опрема. Во рамките на приземјето е предвиден и канцелариски простор и влезен простор со скалишно јадро. На спратот е предвиден дневниот боравок, со кујна, трпезарија и тоалет за гости. Во поткровјето на објектот се наоѓа делот со спални и бања.
Локацијата на која е изведен објектот е со големина од 345м2 додека површината која ја зафаќа објектот е 120м2.
Одговорен проектант на проектот е м-р. Стефан Велковски диа. Проектот е проектиран во 2019та година, а изведен е во 2020/21год.