Пон – Пет: 08:00 – 16:00
+389 71 368 455 | +389 70 398 713
+ 389 02 2 450 512

ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ – МАК АУТО СТАР

Деловен објект со изложбен салон и сервис

Објектот е проектиран во 2001-2002 година, изведбата се одвива во текот на 2003-2004 година.
Проектот изработен од нашата компанија е Награден со Главна награда „Јустинијанова Порта“ во 2004/5година. Одговорен проектант е Никола Велковски диа. со главен соработник Светлана Јончевска.
Објект се наоѓа на почетокот на индустриската зона на територија на општина Гази Баба на ул. Индустриска бр. 2.
Објектот е со катност По+П+1. Дел од просторот на изложбениот салон е галериски, а деловните содржини се наоѓаат во приземјето и на катот. Во рамки на објектот се наоѓа и овластен сервис.
Локацијата на која е изведен објектот е со големина од 18.465,00м2 додека површината која ја зафаќа објектот е 4341м2.

Read more

СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ – МАЏАРИ

Станбено-деловен објект во населба Маџари, Скопје

Објектот се наоѓа на ул. М. А. Ченто бр. 7, Маџари, Општина Гази Баба, Скопје. Катноста на објектот е По+П+Кат. Подрумскиот дел е проектиран како магацински простор, во приземјето е предвиден деловен простор со изложбен салон, а на катот се предвидени канцеларии и станбен простор. Одговорен проектант на објектот е Никола Велковски дипл. инж. арх. и соработник Светлана Јончевска дипл. арх. Година на проектирање 2013та. Објектот е реализиран во 2014та год. Изведбата е извршена од страна на Инком Инженеринг.

Read more

СТАНБЕН ОБЈЕКТ – ВОДНО

Станбено-деловен објект во населба Водно

Објектот се наоѓа на ул. Владимир Назор бр. 26 во Скопје. Проектот е изработен во 2012та година, а изграден во 2013та година од страна на Инком Инженеринг. Катноста на објектот е По+П+2+Пк. Во рамките на објектот има 10 станови и 5 деловни простории. Одговорен проектант е Никола Велковски диа. со главен соработник архитект Светлана Јончевска.

Read more

СТАНБЕН ОБЈЕКТ – КАРПОШ

Станбено-деловен објект во населба Карпош.

Објектот се наоѓа на ул. Варшавска бб во Скопје.
Проектот е изработен во 2012та година, а изграден во 2013та година од страна на Инком Инженеринг. Катноста на објектот е По+П+6+Пк. Во приземниот дел на објектот се предвидени два деловни простори, а на спратовите се проектирани 27 станови. Одговорен проектант е Никола Велковски диа. и Блаже Арсовски дипл. инж. арх.
Read more