Стоматолошка ординација — Гевгелија
Гевгелија, МакедонијаДеловен2026




Проектирање и изведба на модерна стоматолошка ординација во Гевгелија, на местото на постар деловен објект. Новиот објект добива чист модерен изглед со вентилирана фасада од алуминиумски панели, акцентен дрвен волумен и целосно стаклен влез што ја отвора ординацијата кон надворешниот простор. Работата ја водиме од прв цртеж до завршна фаза — архитектонско решение, изведба на фасада и столарија, внатрешни прегради и уреден партер со озеленување. Резултатот е препознатлив, функционален простор прилагоден на потребите на современа стоматолошка пракса.






