Надградба на семејна куќа – Долно Лисиче

Основен проект за надградба на постојна семејна куќа во Долно Лисиче, со доградба на нов станбен кат со вкупна површина од 91 m². Проектот е изработен со цел проширување на станбениот простор и создавање современ, функционален дом кој ги задоволува потребите на четиричлено семејство. Новопроектираниот кат опфаќа пространа дневна соба со кујна и трпезарија во отворен концепт, една спална соба, две детски соби, бања, комуникации и придружни простории. Архитектонското решение обезбедува максимално искористување на просторот, природно осветлување и функционална организација, притоа задржувајќи хармоничен изглед на објектот. Проектот вклучува комплетна проектна документација – од снимање на постојната состојба, изработка на архитектонски концепт и основен проект, до финална техничка документација подготвена за реализација.






