Елегантен дневен простор со трпезарија — Внатрешен дизајн, Скопје



Овој проект опфаќа внатрешно уредување и реновирање на дневен простор со трпезарија и кујнски дел, обликуван во современ стил со нагласени природни материјали и внимателно избрани детали. Маслинесто-зелените ѕидни панели, мермерните површини и дрвениот под создаваат топла и елегантна атмосфера која визуелно ги поврзува сите функционални зони во просторот. Централниот ТВ ѕид е обработен со декоративна камена облога и амбиентално осветлување, додека трпезарискиот дел е интегриран како природно продолжение на дневниот престој. Со балансирана комбинација на текстури, осветлување и материјали, добиен е простор кој нуди удобност за секојдневно живеење и префинета современа естетика.




