Модерен Стан со Зелени Акцент — Внатрешен Дизајн, Скопје

















Внатрешен дизајн на модерен стан во Скопје, обликуван преку внимателно избрана комбинација на зелени тонови, природни дрвени текстури и впечатливи мермерни детали. Концептот е насочен кон создавање топол, елегантен и функционален простор кој одговара на потребите на современото живеење. Дневниот престој, трпезаријата и кујната се организирани како единствена просторна целина, каде зелените акценти и природните материјали создаваат препознатлив визуелен идентитет. Кујната со остров и зелен мермер претставува централен елемент во ентериерот, дополнет со современо осветлување и внимателно избрани декоративни детали. Спалната соба е дизајнирана како мирна и комфорна зона за одмор, со меки тонови, дрвени облоги и суптилни декоративни елементи. Детската соба внесува свежина и разиграност во проектот преку функционално организиран простор, природна светлина и внимателно интегриран мебел прилагоден на секојдневните потреби. Проектот претставува современ ентериер во кој зелените тонови, природните материјали и прецизно дизајнираните детали создаваат хармонична и безвременска атмосфера.




