Надградба и реконструкција на семејна куќа – Драчево
Драчево, СкопјеСтанбени2026


Проект за надградба и реконструкција на постојна семејна куќа во населба Драчево, со цел добивање современ, функционален и енергетски ефикасен дом. Проектот опфаќа архитектонско решение за надградба на постојниот објект, редизајн на фасадата, формирање нови тераси и современо обликување на волумените, при што е задржана конструктивната стабилност на постојниот објект. Со комбинација на бетонски, декоративни и дрвени фасадни елементи се добива модерен изглед кој ги задоволува современите архитектонски стандарди и потребите на инвеститорот.






