Проектирање на Спортски центар „Пелистер“ – Битола

Проект за проектирање на современ Центар за спорт и спортски активности во Битола, наменет за потребите на боксерскиот клуб „Пелистер“ и спортско-качувачкиот клуб. Објектот е проектиран како функционален спортски комплекс на две нивоа, со современ архитектонски израз и јасно организирани простори за тренинг, администрација и поддршка. Во приземјето се предвидени двовисинска сала за бокс со боксерски ринг и фитнес зона, сала за спортско качување (болдеринг), машки и женски соблекувални со санитарии, технички простории и административен дел. На катот се сместени канцеларии, чајна кујна, санитарни јазли и галерија која служи како гледалиште за спортските активности. Современото фасадно решение, со препознатливите зелени и бели елементи на клубот, му дава на објектот современ и впечатлив изглед, додека функционалната организација обезбедува оптимални услови за тренинг, натпревари и развој на спортот во Битола. Објектот е со површина од околу 930 m², распоредена на две нивоа, со уреден партер и паркинг простор.






